Рачно, а не вештачки…за да ја забележиш сета моја несовршеност…која го предизвикува овој лош ракопис…ракопис кој не може да ја долови мојата среќа…

Да си среќен…тоа е избор…додуша не одбрав јас да ми се искине ѓонот на кондурите, ама бев среќен кога твојата сјајна насмевка го окупира мојот звучен простор. И тоа многу. Ама одбрав да ја оставам капуљачата на глава…Резултат – ултра смешна фризура. Исход = вин-вин ситуација…твоја насмевка од срце – моја среќа.

Да ти признаам…порано полесно излегуваа зборови од мене…на хартија. Ама не и во живо. Сега? Среќата предизвикува скоро па непресушно и непрестајно испуштање на комбинации на букви од мојата усна шуплина кога твојата појава е пред овие очи со недефинирана плава боја…(многу ББТ реченица, нели?)

“If you remeber me, then i don’t care if everyone else forgets” – Haruki Murakami

Моментот дека си имала недовршен работа со мене…ах тие цигари…те натераа да се појавиш повторно во моето секојдневие…среќа.

Среќа…кога бавниот и нежен контакт на нашите топли, меки, полни усни трае и трае…се додека не изустиш – МРШ!

М, м …. мммммм…

“Не е доцна ако сакаме да се имаме до крај…не доцна кога вредиме да се имаме за нас“ – Ѓоко фил-лајк-а-фиш Танески

Ултимативна среќа кај мене…и кај 98% од мажите…ИГРАШ КЛАДИЛНИЦА !!! Добивам повеќе аф аф од Саваш…уште повеќе ќе бидам среќен кога ќе добивам повеќе и од Рајан….

Најсреќен…кога те гледам…

Лоло

Се крчка уште еден пост, во една нессона ноќ. Има две осомничени состојки за оваа состојба (многу веројатно и виновници). Неподносливиот Вуди Ален е првата. Тој е познаницата, а другата состојка е некој си фиктивен ама многу конкретно извајан лик. Оној од веселата Шанзелизе-имагинација на Ида и Петра, додека ги носат перниците под рака. Се одзива ако го довикнете по било кој од двата прекари (прекар бе, колку глуп збор) – шљокичаст-електро-баблгам-треш-момак или накратко Мистер Јапи.

Мистер Јапи е многу среќен момак, дига систем, прави бенг-бенг каде и да се појави, се облекува како Елтон Џон и игра диско.

Мистер Јапи има чисти заби, чисти нокти, пие кафе 3 минути, кадифен е и покажува дека не е само мен-машин.

Мистер Јапи ме води низ моите влажна-среда соништа и ме спасува од нови јануарски порази.

Мистер Јапи е крив, мнооогу крив, што уште жалам и пекам и кенкам што не станав басист.

Мистер Јапи само ми ја потврдува желбата и вкусот за елегантно свиснати, растресени, со чудна коса и восхитувачка насмевка девојки.

Мистер Јапи, кажи што можам да учинам за тебе. Енитајм.

14231_187320923130_679253130_3166714_6217402_n

Скроз нема врска ова со фестивалот, ова е скроз судбински наслов. Нешто како б(ери) ум Чалевски, си играш со таксиратот. А таму таксиратот ми пееше You can’t stop me. Неколку дена пред тоа Џино Банана го пееше стихот (го менувам за мојот случај) “ближи ми се тридесета, а ја…а ја ништа“. Таа страст и енергија што експлодира од тие очи, едноставно не можеше да не го покрене секое мое недепилирано влакно на моево растресено и распуштено, а сепак извајано тело.

Џино пак – “анџелима иде ми се, еј да су ми крила…ко је јебе, никад није моја ни била“

Ретко се откажувам јас…уствари кога ќе се навратам сфаќам дека никад ЈАС не го правам тоа…секогаш се откажувале од мене. Само една нема никогаш да ме остави. Таа има сличности со онаа на Хенк Мууди – скоро никогаш не е испрана, ама срце ме боли за неа. Еве дури сега ми светна на уште една сличност…и само уште таа и ниедна друга – огромните паузи од еден до друг текст. Тотална хаварија на мислите…некаков рак на вкус како да ми се всадил. Може е во некаква блага излечлива форма, но сепак постои. Како што ми се всадил и турбо-Аца Лукас-фолк-рак. Тој некако се развлекуваше подолго време и заврши криво-паланечки. Мада ми фалат неколку саати у меморија и шушки во заден десен џеб, ама не ми фалеа опијатски материи и тапан. И телевизор не ми фалеше…само мене и ми требаше уствари…зашто на вратата имаше знак УЏИ СЛОБОДНО…само не го беше прочитал никој.

Џино (знам знам, досаден сум) – “сањао сам Нано будила си ме рано“

Се што очекував добив, дури може да се каже дека беше хајли-ингридиентид-јиар…прекрасен 27 февруари – 1, 2, 17, 22 март – 20 и 22 мај. Кој од кој поубав ден…извинете ноќи. Нажалост последната прегратка беше и најдобрата…само кој да претпостави дека ќе биде последна…тие две прекрасни меки раце те приклештуваат, мојов пеперминтски нос се приближува на нејзината опиумска шија, моиве сини сјајни очи се затворија и мислите добија ненадејна моќ да одлетаат и да се исклучат од целата кано-заморано околина.  Незаборавен 23 Октомври…за мене по добро…ама само за мене, не по моја вина.

Молко – “on the back of my hand were directions i could understand…on the tip of mu tongue, were words that always came out wrong…so i asked the kings of medicine…but it seems they’ve lost their powers, now all i’m left is the hour…and don’t know where to begin”

П.С. ко за сефте за новава платформа, на која полека се навикнувам…мада ми фали моете зеленило, ама некако ме води на нов почеток со истите лајна…па додека си ги пронајдам боите, ќе ми требаат денови.

Перцепција – напатена душа (така барем викаат). Душевно стање – попут лазање (Миле царе). Очи – со стотици црвени делти. Предница – две даљинска, старо ливче спортска и 4 опомени за неплатена членарина на некористени картици. Позадина – испукан ѕид и Моби. Друштво – нема…лажам…изгребаната грицкалица ме држи за рака.

- би-бип…тајм тревл: 10 дејс агоу -

Ќе ги поебеш последните пари на дупла кобасица и остануваш само со 2 токени у џеб. Ти нема спас Чалетино, ајмо пешака 6 км. Се враќаш сам према Тицанова 11 (код Минакве, молим), истура дожд и веќе е разденето и се осеќаш ко скитник самотник. Од пуста досада од едноличниот прав булевар, изгризаната уста испушта звуци на македонски народни песни – Ако умрам ил загинам, Бисер Балкански…се преоѓа на Владимир, Дождот…и така во круг со песните. Моите и онака слаби нозе одвај стигнуваат до заклучената железна порта. Прескокнувам ограда и шилецот ми ги распара чорапите. Оние што и ги позајмив на ХИДРОГЕН БОМБАТА зимава, кога се направи утоп идејќи накај мене по тоа кашкавиците. Проклетиот замор и запек не ми дозволуваа да заспијам одма.

- би-бип…тајм тревл: 8 дејс агоу -

05:38, сонце на Петроварадин. Последен ден. Сам на прљави плочки, испиено пиво, а шанкот веќе е затворен. Пикавци и згмечени пластични чаши насекаде околу мене…и се разбира мирис на марихуана. Не ми се спие. Реге-стејџ, најпозитивната сцена од цел фестивал, а мене (појма немам од каде и зошто баш сега) од глава не ми искача еден одвратен стих – “издали ме пријатељи, издао ме брат“. Делумно разочаран од животот, поточно ме потиснуваат моите љубовни порази. Замисли Чалетино бе, дури два порази имаш. Уау. А уствари како изгледа да победиш?? Ќе ти настине гзот (што би рекол Фиќуле) и одма баталуеш филозофии, па се префрлувам на дрвото кај што не сликаше Вања само за да не стави на ФБ. До мене седи уште една самка…ме нуди цигара – ја одбивам. Ни збор не проговоревме. Страв ми беше, ќе си признаам…ко пиќенце некое. Останувам сам (ништо ново додуша) и се потсеќам на солзите што ми надојдоа на Хладно Пиво, на тоа како ме згмечија на ограда и ми шибнаа патика у врат. Дува ладен ветар, у курац…прстиве ми смрзнаа од куцање на мобилниов…башка и ми се накострешија брадавиците. Станувам да си одам со надеж дека некој ќе ме вози за 270 динари…ако не 6 км пешанка не ми бега.

- би-бип…тајм тревл: презнт тајм (01:32) -

Се наежувам…иц нормал дека ми фали она “таааааа нааааа нааа на-на“, киснењето до најситните саати, глупите филмови што увек ги гаѓавме, циметот и ванилата, браво мулти-ред и прпл рејн…има уште многу асоцијации…

- би-бип…тајм тревл: презнт тајм (01 49)

Молко вика: тајм вил хелп ју тру, бат ит дазнт хев д тајм ту гив ју ол ди енсрс ту д неврендинг вај. И ко за крај, во Кингс оф медисин вели:

Донт лив ми хиар ту кест тру тајм
Видаут а меп ор роуд сајн
Дпнт лив ми хиар, мај гајдинг лајт
Коз ај, ај вуднт ноу веар ту бигин
Ај аскд д кингс оф медисин

Јас само си ја барам мојата втора шанса. Ништо повеќе.

Инаф…би-бип

Кочан ладно брале у дождлива ноќ, а ти откриваш нови ридчиња и долчиња и гориш од возбуда…притоа позајмуваш црн дукс…и после 2 дена не го соблекуваш од себе поради впиената миризба…ммммм

Свит хоум Алабама … Фрида је била моја краљица … се тоа е засенето од блескавоста и топлината на Џорџија он мај мајнд. Дури и на сон ми се сврте песничево, ама не во еден од оние каде маштата ради свашта и каде препотувајќи се превртуваш и се молиш да прекине во најбрзо време…енивеј, чудна комбинација беше, макарони, грамофон, плочи стари некои, шушка се шушка пее Лепа…и слични сваштарии.

Глупост ко глупост, некоја ја сонуваш а некоја ја чиниш на дело. А бе кога ќе те фати ситуација “избор сведен на минимум“ (да не речам празно множество), мислиш најсакат дека си и ништо не може да те извади од зелените гомна…ама па кога има, има и иди справи се и снајди се да не ги заплеткаш конците кои ти се мотаат низ прсти…оние мои прсти со испокинати кожинки и нерви, долготрајна навика која се спроведува се до крајниот резултат, поточно до моментот кога крвта ќе си го пронајде својот пат до светлината…така така так и повторно пак…та та та…ете една маана, а внудец еден внудосан?

Тапа си бе Чале, појма немаш што да чкртнеш…све се исцедило, а? Пфффф, не не не, како па да не, ресурсите се тука и подготвени стојат со пушката на лево…во секое време има на располагање еден резервен магацин…додуша тој има само еден клуч, така да исто му се фаќа…

завијају сирене..премотавам живот унатраг у само једној секунди

Да, точно, завиваат сирениве вака сабајлечки. И пак има ветер, кој спуштената ролетна тврдоглаво ја зближува со прозорот и создава ужасно напорен звук за моиве х 100 осетливи уши. И главно прашање од првото отворање на очите ми е дали сирените се почеток или завршеток на нешто?

мамуран од јуче, изгубио сам филм негде на путу до куче…одмагли прозоре, надвор је мечава…твог ескима затрпат че лавина…а ти не попушташ

Избледена тегет маица која повеќе има некоја лила нијанса сега и принт “лајонс 54“…две гитари и еден вонаби пијано плејер…коњак во чаша налик од старо римско време, како во сцената кога Максимус наздравува со Маркус Аурелиус…мноштво луѓе, добра музика, уште подобар штимунг, а се осеќаш најосамено на свет…распар…иако никој не те гледа така, баш напротив…тоа му доаѓа нешто како муабетот со Шибенчанинот, кој студира во Задар, ги обожава Загреб и Белград, ама сака да живее во Скопје поради оној фактор ИКС…е тоа како да ми фали…ми фали да не ми одлетува мозокот во непознат правец, лет кој е под агол од 36 степени…би ми плеснале шамар да ме слушнат дека се жалам, знам…

пијем све више, једем све мање, доводим здравље у критично стање…проверим рачун, касни ми плача…пада ми шечер…довест че до напада панике…губим зрак, осечам губим се…

World_In_Amber.jpg

Пиеш нова чаша, веќе си доволно зашемутен и при слаб контакт со реалноста некоја промаја те мава у грб…влегуваат нови луѓе…се вртиш и бетер мутно ти е и го доживуваш ДИ хајлајт оф д најт…насмевка на лице од хр хајнес Маја Вуќиќевиќ…људиииииии!!!

и гледаш во чашата и сфаќаш дека снемало коњак, па ти стајле водка…

антил некст тајм…

покваричеш очи…“ 

Бараш 10 минути место за паркинг…мислите те тераат да возиш право, а мораш да возиш лево наназад (“твог ескима прогутат че зима“)…со тешко срце (барем засега и колку толку) ја прифаќаш реалноста и сакаш што побрзо да биде само дел од минатото на кој само ќе се смешкаш…а во меѓувреме си ги пребродил сите проблеми со истиот тој човек… и си продолжил во нови победи и походи во таа влажна среда…само да не е јануарска, месецот на сите мои порази…

03:04 часот. Издуван од мартовскиот ветер, влегувам низ искривената врата дома целиот омалаксан и со малку насолзени очи…од ветрот, да се разбереме…оние очи прекрасни, полукрвави, уморни и малку потечени…и плави, се разбира…тоа наследно ми е…

Се двоумиш меѓу две опции – мп3 или диск – првата опција ти ја овозможува Eric Clapton – Wonderful tonight…а втората Pink Floyd – Wish you were here …нема голема разлика, нели? Па и разликата меѓу 36 и 110 не е голема, ама не ти дозволува да сјаеш во најјако светло…а Ватра викаат “ти да си најјачи флеш, ја не бих скидао поглед са тебе, ти да си најјачи нојз, ја бих још гласније“…

Си отишол со намера да испиеш 36 пива за да ги поплавиш сите мачнини и според мене симптоматични проблеми…ама онаа главната ништо не може да ја однесе…до главниот центар сепак најтешко се стасува…правиш што правиш, гледаш што гледаш, ама него не можеш да го излажеш…така беше и песната, нели…“срце није камен“…

Погледот на премореното синило шара насекаде и го бара насекаде тоа црно-бело фустанче…и потоа очите остануваат празни, а лицето пребледено…“она бела је од гејше“…

Целиот сум обземен од мирисот на цимет и ванила, со замижани очи длабоко земам воздуг и се телепортирам во фиоката веднаш до сликата…“губим зрак, осечам губим се…доводим здравље во критично стање

…сулудо да ти ишта објашњавам, ти си пробила све шифре и мозаик посложила…

03:27…и завршив со наталожените мисли…само малку ми е полесно…

Знамиња 3 х 3….првите рекламни, другите национални…иако можда повеќе личевме на Македонци од ОМО Илинден Пирин…сепак бевме јасно обележани…

* Вие Македонци ли сте бре?

- Ахам.

Много пијани бре Македонци…

И добиваш пренасочување низ Сува Морава и Владичин Хан…мостови како на мини-голф, башка следиш и залутано битолско комбе…кај бандерата под мостот, се шљапа еден пар кој ненадејно бива преплашен од нашата молба за насоката кон главниот мост…џабе мрчење, кога ги изведов на прав пат, а да не прајме муабет за маглите и дождовите и лошите брисачи…испружуваш нозе во караван и имаш “а бе он сакаше да те разбуди, ама јас не му дадов, па да ти кажам“…и тогаш добиваш телефонски повик кој пријатно те изненадува…

100 години не си ги видел, а живеат на 500 метри од дворов…и ги гледаш на 1000 км од тука…и само педерите останаа дома…ама изгледа само мувлите отидоа таму…походот за Данкињите остана неуспешен…ама шанкерката испадна мајтапчика, па еден најубав Македонец остана закован за шанк…а цело тоа време си набљудуван од напалени Бед Блу Бојс хулигани…возењето у контра правец за малку не заврши у паркирано џандарско ауто…максимално неопходен сон, кој е проследен со хрчење на пијан Егеец…уште еден телефонски повик кој останува неодговорен, и покрај “противничката“ желба за нашмиргланиот глас…уште една порака која повторно ја истакнува меѓусебната неодоливост…

* Како поминавте? – Па бевме таму и в`тевме в`тевме…и оп, Загребачка Арена у чело…

Пиеш изветреана грозна Фанта, се мрштиш ко Нани кога јаде кисели работи и налетуваш на уште една патрола…ајт у Арачиново момци…млекото се скиселило…

д уан енд оунли...

Повремено…сеуште се јадосувам зошто никогаш не остварив контакт со неа, зошто дозволив да стои долги години затворена…затворена, но исправена и без ниедна дамка…целата таква сјајна…и покрај тапијата врз неа, се плашев изгледа…лец лив ит дет уеј…

——————————————————————

Да се бориш:??…или да оставиш што биде, биднало??

Да си во постојана близина??… или да дозволиш растојанието да ги избистри нашите (помалку или повеќе) сложени умови?? (ова као нешто, “дечко ајде олади“)

M??… what??

——————————————————————

Ова нешто глумиш младич у долни абдомен, а мудрец у мозок??

——————————————————————

Видливи се пламените јазици…меѓусебната привлечност е неизбежна…лајк невр бифор…или што би рекол Брајан во Блајнд…јор ајс форевр глууд ту мајн…енд фајнд а плејс уи боут куд хајд…да да, токму тој толку непоходен сјај во очи, кои при секој меѓусебен контакт вадат осмех фром диип даун…не само ради бојата, целата позиционираност игра улога тука…и почнуваш да се шириш и дуеш како рибана у Шарк Тејл…кен ју фајнд ми а спејс, фајнд ми а спејс…

ол смајлс…аген ол смајлс…97%… 

тајната на мирисот не се издава…се додека лебди во собава…

Не само поради поразот на Манчестер од таму некои си…

туку ради половичното начукување, а немаш таа половина да ја направиш едно цело поради факинг празна батерија…

ради 2-те визи што ги дадов додека седев врзан како Трејси факинг Џордан на црвен кожен двосед…

ради исчистените грмушки и тревишта, поплочени тротоари и светнати канделабри на веќе не знам колку, а ти остануваш со иступената факинг коса во рака…

поради сличната симболика на вчерашниот ден со онаа од 15.11, единствената разлика е во насоките…

фала ти Брајане за 1. Protect me from what I want; 2. Drink you pretty; 3. I know;

последни коментари

Статистики